in

Ботас стартува од пол позиција на денешната трка во Портимао!

Валтери Ботас беше побрз од неговиот тимски колега Луис Хамилтон за мал дел од секундата во квалификационата сесија во Големата Награда на Португалија.

Ботас денеска ќе започне од првата позиција, пред Хамилтон, откако беше побрз за само 0.007 секунди од Британецот. Возачите на Ред Бул ќе започнат од 3тата и 4тата позиција, но најбрзиот круг на Макс Верстапен беше избришан бидејќи го надмина лимитот на патеката поставен од ФИА.

Ферарито на Карлос Саинц се најде на петтата позиција а позади него Окон со Алипин ќе стартува на шеста. Шарл Леклер ќе започне од седмата, а за прв пат оваа сезона Себастиан Ветел се најде во најдобрите 10 возачи. Трката започнува во 16:00 часот денеска.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote