in

Барса останува без титула по ремито со Леванте?!

Во рамките на 36 коло во шпанското домашно првенство се сретнаа екипите на Барселона и Леванте.

Каталонците одиграа нерешено со нивниот противник и се одалечија од шампионската титула во Ла Лигата. Првото полувреме и припадна на Барселона откако благодарение на Меси стигнаа до водство од 2:0.

Леванте во второто полувреме многу брзо стигна до одговор откако во само две минути, со головите на Молеро и Моралес, стигна до израмнување. Дембеле погоди за повторно водство на Барса, но конечниот резултат го постави Леон и му донесе на Леванте бод од оваа средба.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote