Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе си замине од Етихад оваа сезона, а неговата можна дестинација е Каталонија.
Агуеро неодмана соопшти дека ќе ги напушти Граѓаните ова лето, а за тимот од Манчестер тој забележа 388 настапи и ја затресе мрежата дури 258 пати. Агуеро е атрактивна инвестиција за Барселона, биејќи клубот мора да ги намали трошоците, додека Агуеро може да се приклучи како слободен агент.
Според најновите шпекулации, Аргентинецот, кој е добар пријател со Меси, е веќе во преговори со клубот од Шпанија. На нив им е потребен голгетер, а Агуеро е совршената опција и ќе биде подобрување за екипата на Куман. Сеуште не се знае дали Куман ќе остане на клупата на Барса, но Каталонците сигурно се заитересирани за услугите на Агуеро.