in

Бакс и Нетс ќе играат „мајсторка“!

Милвоки Бакс со одлична претстава ги победија фаворизираните Бруклин Нетс со 104-89 и ќе играат седми натрпевар во конференциското полуфинале.

Крис Миделтон го сруши својот плеј оф личен рекорд постигнувајќи 38 поени. Додаде и 10 скока и подели 5 асистенции во победата на Бакси со која се израмни серијата на 3-3. Неговиот соиграч Џанис Антетокумпо исто така имаше импресивна партија, постигнувајќи 30 поени.

Решавачкиот натпревар ќе се одигра во Бруклин, и предноста на домашен терен ќе ја имаат Нетси. Тие ги победија сите претходни 3 натпревари во нивната арена. „Бевме одлични цела вечер. Се обидовме да ги задржиме Дурент и Харден и успеавме во таквите намери“ изјави Миделтон.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote