Голем розов дијамант од 170 карати е откриен во Ангола, а се верува дека е најголемиот розов скапоцен камен пронајден во последните 300 години.
Дијамантот е пронајден во рудникот за алувијални дијаманти Луло, по што го добил името „Луло Роуз“.
Анголската државна компанија за дијаманти „Содијам“ ќе го продава розевиот дијамант на меѓународен тендер.
Највредниот дијамант некогаш пронајден е јужноафриканскиот „Кулинан“, ископан во 1905 година и вредел 3.106 карати.