Во секое семејство не може да се замисли прослава без руска салата, а потоа и мимоза. Сепак, салатата од компири, лосос и јајца се заканува да ги симне овие две класици од тронот. Многу полесно се прави, а вкусот е неодолив!
Ако не сте, мора да пробате. Затоа одвојте 15 минути и постои голема веројатност дека ќе стане една од вашите омилени салати.
Состојки:
- 6 компири
6 јајца
150 чаден лосос
200 гр мајонез
1 кафена лажичка сенф
Подготовка:
Најпрво излупете ги компирите и јајцата, па исечете ги на помали парчиња и наредете ги во сад. Потоа додадете го сечканиот лосос. Посолете и прелијте со мајонез и сенф. Сè убаво измешајте и ставете го садот во фрижидер 2 часа, за добро да се изладат состојките. Потоа смесата ставете ја во калапот и обликувајте ја. Кога ќе го извадите, над него изрендајте две јајца и украсете го по ваш вкус.
На здравје!