Сосема поинаква штрудла со необичен вкус препорачува Практична Жена.
Состојки:
- 3 јајца
600 гр шеќер - 400 мл млеко
800 гр брашно
40 гр свеж квасец
200 гр маснотии - 250 мл млака вода
15 гр сол
арома на ванила
200 гр ореви - 200 гр семе од афион
200 гр рогач
Подготовка:
Во 200мл млако млеко ставете го искршениот квасец и една лажица шеќер за да надојде квасецот. Во сад ставете брашно, направете дупка во средината и додадете ги јајцата, 150гр шеќер, квасецот, топлата вода и маснотиите. Замесете мазно тесто и оставете го да нарасне. Потоа преместете го и поделете го на 3 дела. Во афионот, оревите и рогачот прелијте 150 гр шеќер и додадете го преостанатото врело млеко. По желба во филовите додадете цимет и ванила. Секоја ролна тестенина премачкајте ја со филови. Ставете ги штрудлите во плех, премачкајте ги со јајце и оставете ги да нараснат уште еден час. Печете ги штрудлите во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.