in ,

ATP го продолжи рокот за промена на системот за бодување

Во петокот, Здружението на професионални тенисери (ATP) објави дека новиот систем на бодување, усвоен во јули оваа година, поради состојбата со пандемијата на коронавирусот, ќе остане на сила до 8 март 2021 година.

Novak Đoković

ATP листата беше „замрзната“ кон средината на март поради одложување на сите турнири и откажување на голем број натпреварувања.
Кога тенисот полека „се врати во живот“, ATP се одлучи за нов начин на бодување – тогаш беше речено дека ќе бидат земени во предвид бодовите од март 2019 до декември 2020 година. Сега тој рок е префрлен на 8 март 2021 година.
Доколку играч оствари полош резултат на турнирот од претходната година, ќе се земе во обзир подобриот учинок. Ова значи дека ниту еден тенисер нема да има помалку бодови во споредба со листата која беше замрзната во март. Тенисерите ќе можат само да се надградуваат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote