Направете сами наан – меки азиски лепињи.
Состојки:
- – 300 гр брашно
- – 1 лажичка сол
- – 1 лажичка шеќер
- – 1 лажичка прашок за пециво
- – 100 гр јогурт
- – 20 мл масло
- – 100 мл млака вода
Подготовка:
Комбинирајте ги сите состојки и измесете добро за да добиете мазно тесто. Поделете го тестото на осум еднакви делови. Обликувајте го секое парче во топка и разредете го тенки. Ставете ги на салфетка.
Загрејте голема тава, па пржете без капка масло на средна температура околу две минути од двете страни да се пече убаво.
Додека се уште се топли, намачкајте ги по желба (путер за зачини или по вкус).
На здравје!