in

Енис Барди се врати на тренинзите по повредата!

Македонскиот репрезентативец повторно тренира со екипата на Леванте после двомесечна пауза поради повреда.

Енис Барди својот последен меч за Леванте го имаше на 8 ноември лани во домашното реми против Депортиво Алавес. Севкупно досега во „Ла Лига“ осум настапи сезонава.

На Барди му беше дијагностицирана лумбална дискус хернија што играчот за врска го оддалечи од настапите за нашата А репрезентација и шпанскиот клуб.

Според извештаите, нема да биде во комбинација да настапи на утрешниот натпревар против Виљареал.

А неговото враќање на теренот најрано може да се очекува на мечот од 18 коло во првенството против Еибар, на 10 јануари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote