in ,

WTFWTF Што?Што?

Бијонсе настапи по петгодишна пауза: Заработила вртоглава сума за еден час

По петгодишна пауза, светски познатата пејачка Бијонсе настапи во Дубаи за неверојатни 24 милиони долари.

Концертот траеше еден час и се одржа во новиот хотел Atlantis The Royal. На сцената се појави и ќерката на пејачката Блу Ајви, а во публиката беа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и родителите Тина и Метју Нолц, објавија американските медиуми.

 

И покрај тоа што на присутните им беше строго забрането да објавуваат снимки и фотографии од настапот, тие набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Пејачката во јули минатата година го издаде албумот „Renaissance“. Извори за списанието Page Six изјавија дека таа ќе оди на турнеја ова лето.

Благодарение на овој албум успеав да избегам од реалноста за време на пандемијата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote