in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Јадете без грижа на совест – ролат со вишни без шеќер и брашно ,здраво задоволство кое ќе ве засити.

Состојки:

100 гр печени лешници
100 гр овесна каша
5 свежи урми
лажица топено кокосово масло
прстофат сол
2 еднакви лажици органско какао

За фил:

200 гр одмрзнати цреши
Околу 10 свежи урми
2 лажици кокосово брашно (протеин)
2 лажици чиа семе

За прелив:

100 гр темно чоколадо
1 лажичка кокосово масло

Подготовка:

Исечкајте ги лешниците и овесната каша, а потоа додадете ги останатите состојки. Сè соединете во сецко. Смесата треба да биде мека и не леплива.
Расукајте го со сукало помеѓу два листа хартија за печење во тенок слој во форма на правоаголник. Урмите изблендирајте ги со црешите додека не станат кремасти, а потоа измешајте ги со кокосовото брашно и чиа семето.
На подготвената основа премачкајте го филот. Со помош на хартија за печење лесно виткајте го ролатот и оставете го во замрзнувач обвиткан во хартија најмалку еден час да се стегне.
Истурете ролна глазура од темна чоколада, растопена со лажичка кокосово масло. Декорирајте по желба со печени лешници, бадеми…

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote