in ,

СлаткоСлатко

Фотографија направена во градски автобус стана хит на социјалните мрежи – Брус Вилис има двојник

Имено, еден твитерџија објави дека на фотографијата направена во еден автобус што сообраќал во Белград се вози човек кој многу личи на Брус Вилис. Фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вирална, а многу корисници се пошегуваа на сметка на двојникот на Вилис.

„Овој личи на оној од „Die Hard““, „Брус Вилис бара од каде да купи млеко во Србија“, „Се повлече од актерството, па се вози наша грб и ужива“, „Се снима „Die Hard 7““, се шегуваа коментаторите.

Но, фотографијата не е направена во белградски автобус како што пишуваат твитерџиите и е направена пред многу години.

 

Неодамна беше објавено дека Вилис ги продал правата за своето лице на компанија за креирање на дигитални двојници „Deepcake“, дозволувајќи им со тоа да создадат „дигитален близнак“ за славниот актер, кој се пензионираше во март откако му беше дијагностицирана афазија.

Сепак, Би-Би-Си објави дека портпаролот на Вилис негирал дека имал некакво партнерство или договор со компанијата. „Deepcake“ го потврди ова за Би-Би-Си, велејќи: „Формулацијата за правата е погрешна… Брус не може никому да му продаде никакви права, тие се само негови“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote