in

Чоколаден мус со бадеми

Кремаст десерт со бадеми.

Состојки:

  • 250 гр слатка павлака
  • 135 гр чоколадо
  • рендана кора од портокал
  • 50 гр мелени бадеми
  • 200 мл шлаг
  • темно чоколадо за украсување

Подготовка:

Загрејте ја слатката павлака.

Потоа додадете ситно сецкано чоколадо, и мешајте додека не се стопи чоколадото.

Додадете кора од портокал и бадеми.

Истурете во чаши и оставете го на ладно да отстои околу три часа.

Изматете шлаг, ставете го во шприц и украсете го мусот, изрендајте црно чоколадо, па вратете го во фрижидер додека не го сервирате.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote