in ,

Што?Што?

Дали знаете како да ја користите рачката над прозорецот на автомобилот?

Можеби нема да можете да го „заклучите“ во секој автомобил, но вреди да се проба.

 

На социјалните мрежи често ги дознаваме скриените функции на работите кои ги користиме на погрешен начин со текот на годините, па една девојка неодамна ја откри правилната употреба на рачката во автомобилот над прозорецот, пишува Mirror. Корисничка на TikTok објави видео во кое покажа како всушност се користи рачката во автомобилот, со што собра повеќе од 7,1 милиони прегледи на изненадени корисници.

Видеото започнува со спуштање на рачката над прозорецот на совозачот, а потоа повлекување на мала брава што ја заклучува рачката во долната положба (во спротивно автоматски се враќа нагоре).

Треба да се напомене дека овој „трик“ можеби нема да работи во секој автомобил, но вреди да се провери дали рачките на вашиот автомобил ја имаат истата способност.

 

@sanne_vberkel

I was today years old #fyp #fy #car #didntknow

♬ Congratulations – quaintcraig

 

Многу корисници на TikTok беа изненадени, признавајќи дека тоа никогаш немало да им падне на памет, а во коментарите брзо открија дека повеќе учат на социјалните мрежи отколку во реалниот живот.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote