in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 ОКТОМВРИ: Вагите мора да се чуваат од љубоморни луѓе, Девиците очекуваат УСПЕХ на работа, но ќе доживеат ПАД Ракот мора да се концентрира, Близнаците да се борат со расправиите, а Стрелците само да се гледаат себеси.

Овен

Работа: Иако Овните се секогаш подготвени директно да го кажат она што го мислат, денес сепак треба да покажете малку такт и дипломатија. Ова не е период за донесување важни одлуки.

Љубов: И двајцата во моментов ви требаат хармонија и моменти на мир, правете го она што зависи од вас.

Здравје: Сосема солидно.

 

Бик

Работа: Денеска може да добиете убави најави или информации кои ќе ве израдуваат. Бидете уште активни, ќе ви се појават добри шанси.

Љубов: Внимателно следете го однесувањето на саканиот и обидете се да му угодите колку што е можно повеќе, ќе бидете повеќекратно наградени.

Здравје: Работете на зајакнување на имунитетот и зголемете го внесот на витамини.

 

Близнаци

Работа: Обидете се да избегнувате соработници кои ве деконцентрираат, повеќето од задачите ќе можете да ги завршите без поголеми проблеми и без ничија помош.

Љубов: Денеска обидете се да избегнете избрзани реакции и одлуки, можете само да го изнервирате саканиот.

Здравје: Зголемен стрес.

 

Рак

Работа: Денешниот ден може да им донесе послаба концентрација на Раковите, што може да влијае на нешто побавно, но сепак успешно спроведување.

Љубов: Аспектите најавуваат средба со нова симпатична личност, но се би можело да биде покриено со тајност.

Здравје: Метеоропатски реакции.

 

Лав

Работа: Обидете се да покажете одреден степен на толеранција кон луѓето од деловното опкружување, кои се обидуваат да ги оспорат вашите деловни резултати, не можат да ви застанат на патот.

Љубов: Се е полесно и порелаксирано доколку се придржувате и ги почитувате договорите што сте ги направиле.

Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.

 

Девица

Работа: Ви доаѓаат поволни информации кои долго време ги чекате. Сè што ќе започнете сега има шанса да успее.

Љубов: Внимавајте да не се впуштате во никакви интриги поврзани со вашите пријатели.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

 

Вага

Работа: Пазете се од љубоморни и завидливи личности од вашето деловно опкружување, заштитете се себеси и вашите интереси.

Љубов: Слободните Ваги деновиве се магнет за спротивниот пол, но не само за новите луѓе, има и некои стари симпатии.

Здравје: Ослободете се од стресот и напнатоста со физичка активност.

 

Шкорпија

Работа: Обидете се успешно да ги завршите задачите што веќе сте си ги поставиле на службеното патување. Нема причина да брзате да смислите некои нови планови, претстои многу поповолен период за тоа.

Љубов: Слободни Скорпии, тајна комуникација, тајна привлечност кон некого, таен занес е пред вас.

Здравје: Бидете умерени кога е храната во прашање.

 

Стрелец

Работа: Не дозволувајте да паднете во замката на површно гледање на ситуацијата кога се во прашање деловните предизвици, времето работи за вас.

Љубов: Романтична средба со личност од вашето емотивно минато би можела да ви остави незаборавен впечаток.

Здравје: Одморете се повеќе, особено психички.

 

Јарец

Работа: Без поголеми пречки на професионалниот пат, денес можете да бидете целосно задоволни од постигнатите резултати.

Љубов: Развојот на ситуацијата на вашето љубовно поле најмногу ќе зависи од вашата денешна вклученост.

Здравје: Можна несоница.

 

Водолија

Работа: Можни се одредени недоразбирања со луѓе кои имаат суштински различен став во однос на моменталната деловна ситуација. Бидете трпеливи и пофлексибилни.

Љубов: Нема поголеми бранувања на вашето љубовно море, што ви дава можност да уживате во постоечките партнерски односи.

Здравје: Најдете повеќе време за себе и посветете се на здрави навики.

 

Риби

Работа: Типичните Риби ги очекува солиден работен ден, за малку поопуштено да се посветат на обврските, кои ќе бидат помалку од претходните денови.

Љубов: Иако е малку веројатно дека ќе биде нешто капитално, имајте отворено срце и ум, па уживајте барем во пократки временски интервали.

Здравје: Многу добро.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote