in

Џоковиќ доживеа шокантен пораз

Светскиот број еден во светот на тенисот, Новак Џоковиќ доживеа шокантен пораз од Италијанецот Лорензо Сонего во четврт-финалето на Виена Опен. Србинот беше поразен со 6-2 6-1 од светскиот рекет број 42. Лорензо ќе се сретне против Дан Еванс во полу-финалето, откако Еванс успеа да го совлада Бугаринот Григор Димитров во минатата рунда.

„Ова е најдобрата моја победа во мојот живот. Новак е најдобар во светот. Денеска одиграв добро, многу добро. Неверојатно е, се чувствувам фантастично.“ изјави Лорензо. Во другото полуфинале ќе се сретнат Кевин Андерсон и Русинот Андреј Рублев.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote