in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 МАЈ: Водолијата е во бизнис, Рибите поправаат грешка, а ќе имаат неочекувани трошоци

Овен

Денешниот ден е совршен за преземање нови иницијативи. Иако не сте на работното место, направете план за чекорите кои ќе ги направите утре. Доколку не сте во романтична врска, фрлете поглед околу вас. Не ја пропуштајте денешната прилика за дружба со пријателите, можеби меѓу нив ќе се најде вашата сродна душа.

 

Бик

 

Бидете внимателни со финансиите, не ги трошете вашите пари на непотребни ситници. Постои веројатност дека ќе западнете во финансиски проблеми. Ако чувствувате емотивна празнина, поминете повеќе време со пријателите и членовите на семејството.

Близнаци

Денеска ќе бидете фокусирани на вашите цели и амбиции. Почнете да работите на некој проект или завршете ја задачата што долго време ја одложувате. Посветете се на партнерот и бидете отворени во комуникацијата. Не бидете себични, покажете поголема емпатија кон партнерот.

Рак

Ракови, бидете флексибилни и отворени за нови идеи. Денеска не е добар ден за да влезете во конфликти со колегите. Бидете отворени и искрени со партнерот. Не манипулирајте и возвратете му ја љубовта со иста мера. За слободните Ракови на повидок е нова љубов.

Лав

Фокусирајте се на работните задачи, не дозволувајте да ви се соберат премногу работни обврски. Што се однесува до љубовта – работете повеќе на себе, одете во теретана, вежбајте. Посветете се на себе и на вашите потреби. Периодов не е добар за нова љубовна врска.

Девица

Денес е ден за комуникација и соработка. Уживате во комуникацијата со колегите, вам ви се допаѓа вашата работна средина и луѓето со кои работите. Покажете ги емоциите кон партнерот, не бидете скржави бидејќи со таквото однесување само ја нервирате вашата сродна душа.

Вага

Бидете креативни и преземете иницијатива. Не чекајте на другите да ве натераат да одите напред. Направете го тој чекор сами. За слободните следува нова љубовна врска, а за зафатените – денеска ќе уживаат во љубовта. Организирајте излет или активност со вашите пријатели.

Скорпија

Денес фокусирајте се на вашите задачи и обидете се да завршите сѐ што треба да се заврши. Доколку имате важен состанок, бидете внимателни во изјавите и покажете се како доверлив колега. Денеска ќе можете да ја подобрите комуникацијата со партнерот. Разговарајте за вашите чувства и не плашете се да ги изразите вашите потреби.

Стрелец

Денес фокусирајте се на соработката со колегите и обидете се да решите некои проблеми кои се појавуваат на работа. Не плашете се да побарате помош ако ви треба. Покажете му на партнерот дека се грижите за него. Доколку сте сами, можно е да се појави некој кој ќе ве заинтересира.

Јарец

Бидете внимателни и сконцентрирани на работа. Не ги озборувајте колегите со кои работите. Зафатените ќе бидат во искушение да го изневерат партнерот. А пред самците следува мирен и романтичен период.

Водолија

Ви претстои добар работен период, а комуникацијата со колегите ќе ви биде на највисоко ниво. Ќе бидете во хармонија со вашите чувства и интуитивна страна. Можни се ненадејни средби со некој кој ќе ви биде од помош во иднина.

Риби

Не сте доволно фокусирани на работата, на што се жалат вашите соработници. Слушајте го вашиот внатрешен глас, следете го срцето и емоциите. Не јадете премногу маснотии, внимавајте на исхраната за време на празниците.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote