in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 СЕПТЕМВРИ: Рибите ги очекуваат големи трошоци, а ќе им се појави љубов од минатото Погледнете го вашиот хороскоп за 2-ри септември и дознајте како ѕвездите се во ваша корист..

Овен

Работа: За повеќето Овни крајот на работната недела носи голем обем на обврски, но и одлични резултати на деловен план. Напорот и трудот секогаш се исплатат.

Љубов: Малкуто време што ви останува за љубов, треба да го насочите кон драга личност и некоја страсна акција.

Здравје: Можна главоболка.

Бик

Работа: Еве ден за повеќето Бикови да ги завршат сите деловни обврски прилично опуштено, а покрај тоа успешно да склучат барем една нова деловна зделка.

Љубов: Ова не е поволен ден за поставување сериозни прашања и важни разговори со саканата личност.

Здравје: Многу добро.

Близнаци

Работа: Крај на работната недела е, а Близнаците се уште се обидуваат да ги усогласат своите деловни цели со околностите кои значително ги забавуваат и им ја отежнуваат реализацијата.

Љубов: Овој петок е поволен за конкретни љубовни постапки, но можеби нема да бидете расположени за никакви љубовни игри.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

Рак

Работа: Раковите последниот работен ден од неделата го дочекуваат уморни, но уште понервозни поради бројните деловни детали кои им пречеа и ги забавија во претходните неколку дена.

Љубов: На љубовен план ве очекува сосема поинаков ден во однос на претходниот. Иако не е исклучено да се соочите со некој проблем од минатото.

Здравје: Можни алергиски реакции.

Лав

Работа: Многу добри деловни околности треба да ги следат Лавовите на крајот од работната недела. Полека, не брзајте да започнете нови проекти.

Љубов: Ве очекува прилично активен и потенцијално бурен ден во љубовната сфера, особено ако ве контактира личност од вашето љубовно минато која се уште има болка во срцето.

Здравје: Освен флуктуирачки крвен притисок, нема други предупредувања.

Девица

Работа: Направете ги основните задачи и работете на што помала нервоза, петок е, не барајте влакно во јајцето.

Љубов: Во најавата за потенцијални случувања на љубовно поле, нема навестувања за поголеми промени. Овој петок ќе биде слично како и претходните денови.

Здравје: Многу добро.

Вага

Работа: Бидете задоволни ако успеете да реализирате барем половина од она што сте го замислиле, останатото ќе треба да почека.

Љубов: Не е лош ден ниту за љубовни постапки, иако не е реално да се очекува ваша претерана вклученост, па иницијативата нека биде на другата страна.

Здравје: Спијте доволно.

Шкорпија

Работа: На типичните Скорпии им претстои прилично напорен, но и многу важен работен ден.

Љубов: Денес е многу важно отворено да разговарате со саканата личност и без никакво двоумење обидете се со заеднички сили да ги решите потенцијалните недоразбирања.

Здравје: Одлично.

Стрелец

Работа: Еве ден за повеќето Стрелци прилично опуштено да ги исполнат сите свои професионални обврски, а покрај тоа успешно да склучат неколку нови деловни зделки.

Љубов: Бидете свои, но не ги гледајте работите исклучиво од своја гледна точка. Покажете разбирање за другата страна.

Здравје: Можна главоболка.

Јарец

Работа: Крајот на работната недела би требало да биде подобар од очекуваниот за Јарците или поточно – со подобри резултати на деловен план.

Љубов: Што се однесува до љубовните врски, денес би можело да биде спротивно – поголеми разочарувања отколку неостварени очекувања, со барем едно непријатно изненадување.

Здравје: Не задржувајте негативна енергија во себе, ослободете се од неа барем дел преку некоја физичка активност.

Водолија

Работа: Неколку убави работи што им се случија на најтипичните Водолии во претходните денови во работната сфера, на крајот на работната недела треба да ја заокружат со промоција на некои пооригинални идеи.

Љубов: Овој петок не е најповолен за форсирање и забрзување на некои капитални одлуки.

Здравје: Многу добро.

Риби

Работа: Последниот работен ден од неделата може симболично да го означи крајот на турбулентната деловна фаза за повеќето Риби. Кај некои можни се некои неочекувани трошоци, но некои можат и неочекувано да заработат.

Љубов: Старите дилеми и одредени грижи и денеска ќе ве мачат во љубовната сфера. За конечни одлуки тргнете од себе, но земете ги предвид и очекувањата на другата страна.

Здравје: Лоша циркулација.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote