in ,

Домашен ролат со кокос – десерт кој ќе ве воодушеви!

Вкусен десерт кој ќе ги воодушеви и најпребирливите љубители на благо!

Потребни состојки:

За темниот дел:

  • 250гр мелени бисквити
  • 100гр чоколадо за готвење
  • 150гр шеќер
  • 1,5дл млеко

За светлиот дел:

  • 125гр путер
  • 150гр шеќер во прав
  • 100гр кокосово брашно

Начин на подготовка:

Темен дел: Истопете го чоколадото па измешајте го со мелените бисквити, шеќерот и млекото и се добро измешајте да се соедини. Смесата истенчете ја на целофан.

Светол дел: Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав, па додадете го кокосот и добро соединете. Распоретете ја смесата врз темниот дел и завиткајте во ролат. Добро изладете го во фрижидер.

На здравје и добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote