in

Дони ван де Бек нема да настапи на Еуро 2020!

Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек ќе го пропушти Европското првенство поради повреда.

24 годишниот Холанѓанин помина низ тешка сезона со Јунајтед во која забележа 4 настапи како стартер, откако се приклучи од Ајакс минатото лето. Ван де Бек го забележа последниот свој настап за репрезентацијата на 30 март во победата на Холандија против Гибралтар со високи 7-0.

„Дони ван де Бек мора да се збогува сосо Европското првенство оваа година. Тој се здоби со повреда на неговиот зглоб“ соопштија од Фудбалската Федерација на Холандија. Првиот натпревар Холандија ќе го одигра во рамките на групата Ц против Украина оваа недела.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote