in

Дубаи се обидува со лажен дожд да ги намали екстремно високите температури!

Дубаи успешно направи иновативен „лажен дожд“ со цел да ги намали екстремно високите температури во градот.

Во Соединтетите арапски емирати, дождот е многу ретка појава, а многу често температурите надминуваат и 50 целзиусови степени, но оваа држава од Блискиот Исток успешно ја користи технологијата да се бори со високите температури.

Државата неодамна вложи 15 милиони долари во проект со кој преку дронови ќе може да влијае на времето. Градот Дубаи, користејќи ја токму оваа технологија со дронови, успеа да направи да паѓа „лажен дожд“ во неговата околина. Според локалните медиуми, дроновите покажале одлични резултати во разладувањето на Дубаи и се очекува да се користат се повеќе во иднина.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote