in

ЕУ ја одобри вакцината на ФАЈЗЕР!

Европската комисија вечерва и официјално даде зелено светло за вакцината на Фрајзер и Бајонтек. Масовното вакцинирање против Ковид-19 во земјите на ЕУ ќе започне од 27-ми декември, најави шефицата на комисијата Урсула фон дер Лајен. 

Вакцината претходно ги помина филтрите на Европската агенција за лекови. Од Агенцијата соопштија дека таа е безбедна и ефикасна во 95 насто случаи и ги исполнува сите потребни стандарди на квалитетот. Вакцината можат да ја примаат лица над 16 години, но не се препорачува за трудни жени. Нуспојавите се слични како и кај другите вакцини, но не се исклучуваат и алергиски реакции.

Сепак експерите на агенцијата не се сигурни колку вакцината ќе ја намали трансмисијата на болеста. За тоа ќе бидат потребни дополнителни анализи, но сигурно е дека ќе помогне во спасување на најранливите категории кои први ќе бидат вакицнирани. 

ЕУ нарача 300 милиони дози од вакцината на „Фајзер“, доволно за вакцинирање на 150 милиони луѓе. Според интерните документи, Унијата една доза ја чини 15,50 евра. Фајзер е првата вакцина против Ковид одобрена во ЕУ, а се очекува  на 6-ти јануари Европската комисија да даде додобрение и за вакцината Модерна.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote