in

СлаткоСлатко

Фотографија од огромна риба со необично лице кое неверојатно наликува на горила

Фотографија од огромна риба со необично лице, кое неверојатно наликува на горила, стана хит на Интернет и предизвика бројни реакции.

Имено, фотографијата со необичното суштество ја сподели Мајк Холстон и досега собра над 300.000 лајкови и речиси 15.000 коментари.

„Ова е возрасен мажјак од алжирска риба горила. Примероците од овој вид обично растат меѓу 90 и 120 сантиметри, но ми се чини дека овој јадел мали китови во текот на зимата и ја достигнал својата максимална големина“, напишал Холстон покрај објавата.

Тој исто така додава дека алжирските риби горили обично патуваат во глутници, и тоа само во септември, кога Ел Нино е со најголема брзина.

Фотографијата од бизарното суштество загрижи, заинтригира и вознемири многумина, но брзо беше откриено дека се работи само за шега.

Американските сајтови за откривање факти потврдија дека фотографијата, како и приказната за оваа риба, се всушност лажни. Фотографијата е создадена во Photoshop со комбинирање на телата на фока, риба и горила.

Некои луѓе му замериле на Мајк поради оваа шега, бидејќи инаку на неговата страница која има над шест милиони следбеници, тој споделува интересни факти за природата и животните.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote