in

Герет Саутгејт ќе стане витез и покрај поразот во финалето на Европското првенство!

Менаџерот на Англија, Герет Саутгејт се очекува да стане витез откако ја однесе репрезентацијата на Англија до финалето на Еуро 2020.

Англичаните 55 години чекаа нивната фудбалска репрезентација да заигра во финалето на некој голем турнир и тоа се случи на ова Европско. Во финалето против Италија, над 70 илјади Англичани ги бодрија своите фудбалери на Вембли.

Минатата недела беше соопштено дека Саутгејт ќе стане витез доколку Англија ја порази Италија. Но и покрај поразот, тренерот Саутгејт најверојатно повторно ќе ја добие витешката титула бидејќи ја однесе Англија во финале за прв пат од 1966 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote