Многу луѓе, со доаѓањето на постудените денови,алиштата ги сушаат внатре во становите или куќите. Но, тоа е голема грешка.
Хемикалиите од детергентите и омекнувачите на ткаенината испаруваат од влажна и свежо измиена облека. Сушењето во затворено го зголемува нивото на влажност за 30 проценти.
Влагата кај некои луѓе предизвикува главоболки и проблеми со дишењето. Мувла се развива во влажна просторија, што може да предизвика алергиски реакции.
Ниту сушењето на радијаторот не е решение. Најдобар избор е машина за сушење алишта.
Сушењето на свеж воздух е идеално, дури и кога е многу ладно.
На температура под нулата, алиштата прво ќе замрзнат, а потоа ќе се исушат.
Предноста на сушењето на отворено е тоа што алиштата нема да добиат разни мириси од вашиот дом, што е посебен проблем при готвење храна со интензивен мирис.
Коментари
Loading…