in

Грција се подготвува да ја отвори туристичката сезона во мај!

Луѓето кои биле вакцинирани против коронавирус, имаат антитела или негативен тест ќе можат да патуваат во Грција во текот на летото, изјави грчкиот министер за туризам, Хари Теокарис.

Министерот за туризам Хари Теокарис истакна дека Грција планира да ја отвори туристичката сезона во средината на мај.

“Грција има подготвен целосен протокол за летото 2021 година. Туристите ќе бидат добредојдени ако се вакцинирани пред патувањето, ако имаат антитела или имаат негативен тест. Сите туристи ќе бидат подложени на случајно тестирање”, објасни Теокарис од Атина за саемот за туризам во Берлин.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote