in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

КАКО САМИ ДА НАПРАВИТЕ ГРЧКИ ЈОГУРТ: Со малку труд ќе го добиете дома и ОДЛИЧНО Е

Можете да додадете грчки јогурт во различни јадења, да го збогатите со овошје, мед или да го јадете сам.

 

Сега можете да го додадете овој вкусен млечен производ во палетата производи што сами сте ги направиле.

За да подготвите грчки јогурт, потребен ви е литар полномасен јогурт, цедалка за супа и крпа за газа.

На тенџере или поголем сад ставете сито, врз него ставете густа газа што сте ја превиткале барем еднаш, а потоа прелијте со јогуртот.

Сето тоа покријте го со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да одмори 10 часа.

По тоа време, грчкиот јогурт ќе остане во газата, додека здравата сурутка ќе се исцеди во садот, кој можете да го пиете.

Идеален рецепт за почеток на денот

Во една чаша грчки јогурт ставете една кафена лажичка мед и две или три големи лажици мелено ленено семе. Оваа здрава смеса е идеална за појадок и ужина бидејќи ги чисти цревата и нема многу калории.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote