in ,

УбавоУбаво

Пријавете се – Хонгконг нуди 500.000 бесплатни авиобилети за туристи

Со цел да заживее туризмот и да се поттикнат посетителите да дојдат, властите во Хонгконг решија да споделат 500 илјади бесплатни авионски билети.

Патувањето во Хонгконг беше комплицирано и скапо за време на пандемијата. Мерките за карантин што кулминираа со 21 ден изолација како и PCR тестовите ги спречија повеќето патници да дојдат во Хонгконг.

Пред пандемијата, Хонгконг имаше 56 милиони посетители годишно, а до 2022 година тој број се намали на околу 100.000. Властите се надеваат дека бесплатните билети би можеле да ја подобрат туристичката ситуација и да го зголемат бројот на туристите по пандемијата.

 

„Билетите ќе бидат дистрибуирани меѓу три авиокомпании: водечкиот авиопревозник Cathay Pacific, HK Express и Hongkong Airlines. Овие 500.000 билети чинат речиси 255 милиони долари. Патниците кои сакаат да патуваат во Хонг Конг бесплатно можат да ја посетат веб-страницата World of Winners, почнувајќи од 1 март за да ги внесат своите информации за лотаријата“, пишува Си-Ен-Ен и додава дека билетите ќе се делат во три бранови: од 1 март до патниците низ Југоисточна Азија, од 1 април до оние кои живеат во Кина и од 1 мај до жителите на остатокот од светот.

 

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote