Доколку имате бајат и сув леб, не го фрлајте.
Искористете го за овој брз и едноставен рецепт.
Испробан рецепт и многу вкусен.
Потребни состојки:
- 4-5 парчиња сув леб
- 5 јајца
- 500 гр кисело млеко
- 100 гр сирење
- 100 гр шунка
- малку сол
- малку сусам
Начин на подготовка:
- – Кришките стар леб исечете ги на коцки.
- – Лебот натапкајте го во подмачкана тава. Одозгора посипете со издробено сирење.
- – Изматете ги јајцата, посолете и додадете го киселото млеко. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
- – Прелијте преку лебот. Посипете со сусам.
- – Тавата со гибаницата од леб ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 30-тина минути односно додека не добие убава румена боја.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…