Основачот на продавницата за накит „Рани бисери“, Харшит Бансал, во градот Мерут во Индија, влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако тој направи прстен со 12.638 дијаманти.
Ова ремек-дело го изработи на 21 декември минатата година и го нарече „прстен на просперитетот“, кој е украсен со цветен дизајн, заедно со илјадници природни дијаманти од 38,08 карати.

Прстенот тежи нешто повеќе од 165 грама, а претходниот рекорд со 7.801 дијамант беше поставен и во Хајдерабад, Индија.
Бансал за Гинисовата книга рече дека бил инспириран да го сруши рекордот додека студирал во градот Сурат, а две години по претходниот рекорд, тој самиот стана рекордер откако успеа да стави најмногу дијаманти на еден прстен.
Коментари
Loading…