in ,

УбавоУбаво

Чудни и интересни факти за животните

Ако доволно ја вознемирите, камилата може да ве плукне. Таа е во состојба да изгуби 30% од телесната маса за да зачува вода. Оваа појава би го убила кое било друго животно. Друг интересен факт е дека за 10 минути може да испие дури 113,56 литри вода.

Животните, исто како и луѓето, се левораки или деснораки. Поларните мечки се левораки. Можеби веќе сте слушнале, но нивното крзно не е бело.

Ајкулите се имуни на сите досега познати болести. Португалската ајкула е најдлабокиот нуркач кој достига длабочини и до 2.750 метри. Во зависност од нивниот вид тие пливаат со брзина од 97 км/ч.

Слонот, меѓу другото, како едно од најголемите копнени животни, води голема грижа за останатите членови во групата, како и за повредените единки. Покрај тоа што имаат големи уши, слухот кај овие видови е многу слаб. Се движат со брзина од 6,4 километри на час. За споредба, луѓето можат да се движат дури и побавно од 4-5,5 км/ч. Што се однесува до нивната храна, тие ја џвакаат само со 4 заба.

Свињата е рангирана како 4-то најинтелигентно суштество на Земјата, а во Библијата е спомната само 2 пати. Се смета дека свињите учат побрзо и од кучињата. Чудно е тоа што преферираат средината во којашто живеат да ја чуваат многу чиста, иако нам ни се познати по тоа што се многу неуредни. Свињата има по 4 прсти на секоја нога, меѓутоа, кога се движи ги користи само предните 2, па изгледа како да оди на врвот од прстите.

Нов Зеланд е дом на 4 милиони луѓе и на околу 70 милиони овци. Тоа би значело дека на еден човек доаѓаат по 12 овци. Една од најпознатите видови денес, мерино овцата, се смета дека е првата овца на Нов Зеланд која денес брои популација од околу 2 милиони, колку цела Македонија

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote