in

Израел ја победи короната! Помалку од илјада активни случаи во државата!

Во Израел моментално се забележани помалку од илјада активни случаи на инфицирани со коронавирус.

Ваквата состојба се случува прв пат од март минатата година во државата, соопшти израелскиот министер за здравство Еделштајн. Во пикот на пандемијата, Израел забележуваше и повеќе од 70 илјади заразени.

Државата ваквиот успех го достигна со масовната вакцинација на населението. Тешко болните во државата се под 100 и на дневна база се регистрираат само по 20тина нови случаи. Овие податоци укажуваат дека Израел е првата држава која ја победи пандемијата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote