in

Хименез се очекува да биде отпуштен од болница следната недела по успешната операција!

Вулверхемптон се надеваат дека нивниот шпиц Раул Хименез ќе може да ја напушти болницата следната недела, по скршеницата на черепот која ја заработи во натпреварот со Арсенал. 29 годишниот Мексикански репрезентативец го скрши својот череп во дуелот со Давид Луиз во раната фаза на натпреварот.

Тој доби кислородна помош на теренот и веднаш беше пренесен во болница и му беше извршена итна операција. Според главниот доктор на клубот на Хименез, Мет Пери напаѓачот е сега во добра состојба и сеуште се наоѓа во болницата кадешто успешно беше опериран.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote