in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Како постојано да мирисате убаво?!

Ако сте се запрашале како некое лице што го познавате успева да мириса чисто во секоја прилика, како пролетни цвеќиња, вие сте на вистинската адреса. Иако во тоа време првата асоцијација е парфем или дезодоранс, постојат и други трикови што можете да ги користите во потоплите денови кои претстојат. Во следните редови, дознајте што издвоивме.

Исхрана

Изреката дека сме она што го јадеме, не настана случајно, туку напротив, ефектите во форма на мирис на телото се забележуваат во следните 48 часа. Затоа, треба да се дозира потрошувачка на зачини, лук и кромид, алкохолни пијалоци и црвено месо. Од друга страна, овошјето, зеленчукот и друга свежа храна имаат пријатен ефект врз кожата.

Шампон за суво миење на косата

Кога зборуваме на оваа тема, не треба да ја прескокнуваме косата, така што едно од решенијата за свеж изглед и мирис може да биде употребата на сув шампон.

Дестилирана вода со мирис

По миењето и сушењето, следува пеглање на гардеробата, при што можете да користите дестилирана вода со мирис. На тој начин, ќе ја задржи цветната арома подолго и ќе оставите позитивен впечаток кога ќе запознаете некого.

Парфемирани креми

За да го подобрите ефектот на парфемот, нанесете парфемиран крем на чисто тело после туширање.

Хидратација

Конечно, обидете се да пиете доволно течности, а препораката е 2 литри на ден. Ако истраете во ова, не ќе го пропуштите свртувањето кон подобро.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote