in

WTFWTF

Како во хорор филм – од камион во Канада паднале кошници со 5 милиони пчели (ВИДЕО)

Пчелните кошници се превезувале со камион, а до инцидентот дошло откако се олабавиле ремените што ги прицврстувале, па паднале на коловозот. Кога Барбер пристигнал на местото, видел „облак пчели кои беа многу лути и збунети“.

Возачите кои биле во близина на камионот, како и пешаците биле предупредени да се оддалечат. По сцената во Брлингтон, Онтарио, Барбер изјави дека никогаш во животот не видел нешто слично, а се занимава со пчеларство веќе 11 години.

„Ова беше нешто посебно. Се надевам дека нема да се повтори“, изјави тој за BBC. Барбер ја пооседува компанијата Tri-City Bee Rescue.

Покрај Барбер на помош била повикана и пчеларката Тери Фалоуни од Хамилтон, како и други пчелари.

Кошниците се распрснале во радиус од 400 метри, а по неколку часа поголемиот дел од пчелите се вратиле во нив. Сепак, неколку стотици инсекти не преживеале, а некои пчелари кои ѝ помогнале на полицијата биле искасани. Камионџијата претрпел повеќе од 100 убоди бидејќи не носел пчеларско одело. Му била укажана лекарска помош, а лекарите рекле дека состојбата не е сериозна.

Брлингтон се наоѓа на западниот крај на езерото Онтарио, на около половина пат меѓу Торонто и Нијагарините Водопади.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote