in ,

СлаткоСлатко

Ким Кардашијан во претесен фустан на модната недела во Милано (ВИДЕО)

Видеото на Ким Кардашијан снимено на модната недела во Милано во саботата стана вирален хит на „ТикТок“.

Ријалити ѕвездата на настанот пристигнала во тесен, сребрен фустан на „Долче&Габана“. Со тоа искомбинирала сребрени потпетици. Но, модната комбинација на Кардашијан ѝ го отежнало движењето по скалите.

На видеото кое досега го погледнале повеќе од шест милиони луѓе, може да се види Ким како буквално скока по скалите, а потоа едвај влегува во автомобилот. А за да седне на седиштето, Ким морала да се намести во лежечка положба.

@steph_shep

I’ll let you caption this ⬇️

♬ Funny Song – Cavendish Music

„Дали воопшто можела да оди во тоалет?“, „Ау, Ким, што нема да направиш за убавина“, „Ова е многу слатко. Мислам дека некој требало да ја носи“, „Ти навистина си икона“ , „Нејзиниот тим да даде отказ затоа што не ја носеле по скалите“, „Можеби требало малку да го кренеш фустанот за полесно да одиш по скалите“, се дел од коментарите под видеото.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote