in

Клоп: Ние сме шампиони, но нашата игра не е таква!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е свесен дека неговиот тим е во криза и истакна дека тој мора да биде значително подобар во продолжението од сезоната за да остане во трката за врвот на табелата.

Шампионот на Англија загуби од Брајтон на „Енфилд“ во 22-то коло во Премиер лигата со резултат 1:0. Така го забележа својот втор последователен пораз на својот стадион, кој до неодамна беше непобедлива тврдина.

„Брајтон заслужено ја доби оваа игра. Тој беше подобар. Нивните играчи беа посвежи од нашите, тие играа подобро, додека ние изгубивме премногу едноставни топки. Момчињата изгледаа истоштено и психички исцрпено, што доведува до тоа нивните нозе да не слушаат и да немаат концентрација. Имавме тешка недела зад нас и не бевме свежи “, изјави Клоп.

По ваквиот исход, „црвените“ се четврти на табелата со 40 бода, седум помалку од лидерот Манчестер сити, со натпревар повеќе.

„Минатата сезона бевме шампиони и секако дека го сакам и оваа, но за тоа ти требаат победи, потребен ти е натпревар на ниво на шампиони, а ние го немаме тоа. Вистина е”.

„Црвените“ чекаат дуел со „Граѓаните“ в недела, а неговиот исход може да биде решавачки.

„Во недела ќе се бориме за три бода, но ќе мора да бидеме подобри отколку што бевме сега. Знаеме дека ова не беше доволно. Го видовме и свесни сме за тоа, затоа ќе се обидеме да го смениме. Три бода во неделата сеуште не се доделени на никого, ќе се обидеме да ги освоиме. Моменталната разлика во поени е резултат на неколку натпревари, а ние ќе се обидеме да ја надополниме следната “, заклучи Германецот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote