Конгресот на САД со пребројување на гласовите на Изборниот колеџ потврди дека Џозеф Бајден е 46-от претседател на САД, пренесува Си-Ен-Ен.
Со пребројување на три изборни гласа во Вермонт, Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис го преминаа прагот од 270 гласови потребни за победа.
Приговорите за гласањето на Џорџија и Пенсилванија за Бајден беа одбиени.
Републиканците се спротивставија на изборните гласови во Аризона, Невада и Мичиген, но предлозите пропаднаа пред да се расправа.
Бајден официјално ќе ја преземе должноста на 20 јануари.
Коментари
Loading…