Првата крава платена со Bitcoin-и продадена во Црна Гора, објави црногорски портал, наведувајќи дека кравата, на која и е дадено името Биткоинка заради валутата со која била платена, била продадена за околу 0,03 биткоини, што, како се наведува, изнесува околу 1.350 евра.
На веб-страницата на земјоделската задруга seljak.me стои дека ова е првото дигитално село што ги поврза купувачите и продавачите на земјоделски производи во Црна Гора и воведе сензор за телиња и паметна јака, сега отиде чекор подалеку и организираше продажба на крави со Bitcoin.
Исто така, се наведува дека потенцијалите на биткоинот ќе се манифестираат само во блиска иднина и дека трансакцијата е успешно реализирана благодарение на агентот за крипто-валути Новак Свркота.
Анѓела Бојиќ, која ја купи Биткоинка, за Seljak.me изјави дека причините за овој потег се комбинација од земјоделство и современи технологии.
„Како млада личност која активно се занимава со земјоделство, верувам дека иднината на земјоделството лежи во здравата комбинација на земјоделството и технологијата“, рече таа.
Коментари
Loading…