in

Претседателот на Танзанија конечно се откажа од тврдењето дека ковид-19 се лекува со молитва!

Претседателот на Танзанија конечно призна дека има проблем со вирусот корона во неговата земја, иако со месеци тврдеше дека може да се победи со молитви ковид-19.

Популистичкиот претседател Џон Магуфули апелираше до граѓаните на Танзанија да преземат заштитни мерки и да носат маски, но само оние направени во Танзанија.

Магуфули претходно јавно изрази сомневање за сите производи што доаѓаат од странство, вклучително и вакцините ковид-19.

Последните коментари и препораки на претседателот доаѓаат по еднодневна жалост за смртта на потпретседателот на полуавтономниот остров Занзибар од ковид-19.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Габриеус, претходно апелираше до државниот врв на Танзанија да го признае постоењето на болеста во интерес на нејзините граѓани.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote