in

Македонија ги забранува летовите од Велика Британија и Северна Ирска!

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година.

Одлуката е донесена врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.

-Со оваа Одлука ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување, информира владината прес-служба.

Комисијата за заразни болести ја препорача забраната за летови на денешниот утрински состанок, по информациите дека нов мутиран корона вирус се шири во Велика Британија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote