in

Милвоки стигна до прва титула во НБА во 50 години!

Јанис Адетокумпо постигна 50 поени во победата на Милвоки Бакс врз Феникс Санс во шестиот натпревар со што ја освои титулата во НБА.

Бакси ја затворија серијата со 4-2 пред домашната публика од 17 илјади посетители во арената и дури 65 илјади надвор од неа. Феникс поведе во првите два натпревари со 2-0, но Милвоки на чело со Јанис успеа да стигне до 4 последователни победи.

Гркот стана седми играч во историјата на НБА кој успеал да забележи 50 поени во финален натрпевар. Тој беше назначен за МВП на финалињата и им се приклучи на Џордан и Олаџувон како играч кои освоил МВП, МВП на финале и најдобат дефанзивец во својата кариера.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote