in ,

Што?Што?

Мистериозен универзум: Откриени 59 егзопланети во близина на Сонцето

Со модерниот телескоп Карменас, научниците од шпанската Алмерија открија 59 егзопланети, од кои четири би можеле да бидат „погодни за живеење како Земјата“.

Егзопланетите се небесни тела кои орбитираат околу ѕвездите и се наоѓаат надвор од Сончевиот систем.

Научниците користеле телескоп за да ја набљудуваат најблиската сончева галактичка средина во потрага по „можни станари“.

Водечкиот автор на студијата, Ињаси Рибас, рече дека неговиот тим, по набљудувањето на 362 блиски ѕвезди, т.н. црвените џуџиња, открија најточниот број на планети слични на Земјата што ги придружуваат.

„Ако нашата галаксија беше град, гледавме само во нашата станбена зграда, дури не излеговме да го истражуваме соседството“, рече Рибас.

Како што наведе, две од потенцијално населивите планети се наоѓаат во ѕвездениот систем Тигарден, на 12,5 светлосни години од Земјата, додека другите две орбитираат околу ѕвездата GJ 1002, на помалку од 16 светлосни години.

„Овие четири планети – оние од Тигарден и оние од GJ 1002 припаѓаат на световите со највисок индекс на сличност со Земјата“, рече тој.

Покрај гореспоменатите егзопланети, тимот собрал илјадници висококвалитетни набљудувања кои другите специјалисти од областа можат да ги користат за своето истражување.

„Тоа е еден вид ковчег со богатство. Имаме 20.000 високопрецизни мерења направени со Карменес кои и ги ставаме на располагање на светската научна заедница“, нагласи Рибас.

 

Повеќе од 200 специјалисти од 11 шпански и германски институции учествуваа во истражувањето, како што се Центарот за астробиологија, Институтот за астрофизика на Андалузија, Институтот за астрофизика на Канарските острови и Универзитетот Комплутензе во Мадрид, како и шпанскиот Германски астрономски центар Макс Планк.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote