in

СлаткоСлатко

Ова е најдобриот чај за искашлување

Ловоровиот лист, зимзелено дрво од истоименото семејство, вообичаено се користи како додаток во јадењата, но е познат и во народната медицина по своето дејство врз здравјето.

Познато е дека тој е ефикасен за подобро варење на храната, како аналгетик, особено при болки во ушите, ревма и главоболка.

Погоден е за елиминирање на вишокот сол во организмот, многумина го применуваат како лек за намалување на стресот, но најпопуларен е како природно средство за јакнење на имунитетот, смирување на кашлицата и исфрлање на секретот од дишните патишта.

Благодарение на еугенолот, делува противвоспалително, а во минатото при настинки, грип и бронхитис се користеле облоги потопени во вода во која се варел ловоров лист.

Постојат многу начини да се користи листот од ова моќно растение, а еден од нив е чајот.

Домашен чај од ловоров лист

Состојки:

– Едно пакетче ловоров лист;

– 1,5 литри вода;

– 3 лажици мед.

 

Прелијте го ловоровиот лист со вода, па оставете да отстои околу половина час. Потоа варете ја и оставете ја водата да врие околу пет минути, па тргнете го садот од оган. Оставете да се излади околу 40 минути, па извадете ги ливчињата и додадете мед.

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote