in ,

Што?Што?

НАЈПЛАТЕНИОТ ТОП МОДЕЛ ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТ ПОСЛЕ АПСЕЊЕ! Гол стомак, цела испокината, а во раката носи „Торбичка“

Џиџи Хадид, некогаш најплатената манекенка, за прв пат се појави во јавноста откако беше уапсена на Кајманските острови поради поседување марихуана и реквизити за дрога.

Таа слета на аеродромот во Њујорк во многу опуштено, а некои би рекле, тинејџерско издание. Таа носеше широки искинати фармерки со завиткани ногавици, додека одозгора носеше краток горен дел во беж кој го откриваше издлабениот стомак на манекенката. Секако стомачните дојдоа до израз! Што се однесува до чевлите, таа облече црвени стари чевли и го заокружи изгледот со шарен накит, додека наочарите не ги тргна од лицето.

Она што најмногу го привлече вниманието, освен необичното болеро кое повеќе потсетуваше на дуксер кој и го стави преку глава, беше чантата од скапа модна марка. Истата карирана што ја носеа нашите мајки и баби на пазар, а кај народот позната како „торбички“.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote