in

СлаткоСлатко

Наместо со кафе, утрото започнете го со овој магичен сок: ќе „пукнете“ од енергија, а вирусите ќе бегаат од вас

Наместо да го започнете утрото со кафе, можете да го започнете денот со чаша свежо цеден сок од лимон.

 

Сокот од лимон е прекрасен антиоксиданс, богат со витамин Ц. Меѓутоа, ако навистина сакате добро да го започнете денот, тогаш додадете ѓумбир во сокот од лимон.

Или уште подобро, направете сок од овие две состојки.

Во 1 литар вода додадете 1 лимон, 200 гр рендан корен од ѓумбир и вака подготвениот сок оставете го да отстои преку ноќ. Напитокот конзумирајте го наутро.

Ѓумбирот е многу корисен за организмот, па со неговото редовно внесување може да се спречи грип и настинка.

Покрај тоа, комбинацијата од ѓумбир и сок од лимон, освен што е здрава, е и освежувачка.

Редовното консумирање сок од лимон и ѓумбир може да ви помогне во неколку случаи. Напитокот не само што е корисен за луѓето кои страдаат од висок крвен притисок, туку помага и за намалување на акните кај тинејџерите.

Покрај тоа, лимонот и ѓумбирот се исклучително корисни за правилно варење и добар метаболизам. Го намалува холестеролот и ризикот од Алцхајмерова болест. Покрај сето ова, лимонот и ѓумбирот го зајакнуваат имунитетот.

Следниот пат кога ќе се двоумите помеѓу кафето и овој пијалок, размислете добро што ќе одберете. Размислете за вашето тело и вашето здравје. И уживајте во секој ден, на здрав начин.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote