in , ,

WTFWTF Што?Што?

Научниците го реконструираа лицето на фараонот Рамзес II (ФОТО)

Научници од Египет и Англија соработуваа на нов проект за реконструкција на лицето на фараонот Рамзес Втори на врвот на неговата моќ со помош на 3Д модели на черепи и модерни технологии. Рамзес остана запаметен во историјата како еден од најдолговечните – владеел 66 години, поради што повеќето негови поданици се плашеле дека сите ќе исчезнат по неговата смрт.

 

„Моите замислувања за изгледот на Рамзес II беа под големо влијание од изгледот на неговата мумија. Сепак, реконструкцијата ни помогна да создадеме вистинско лице, и тоа многу згодно, ако ме прашувате мене“. изјави Сахар Салим од Универзитетот во Каиро, кој создаде 3Д модел на неговиот череп.

 

Сепак, процесот на создавање на 3Д модел на черепот не беше доволен, бидејќи крајната цел беше да се реконструира неговиот лик во моментот кога тој беше на врвот на својата моќ. Затоа, експертите од Универзитетот во Ливерпул, на чело со Керолин Вилкинсон, решиле да се вратат во времето и да го внесат моделот во базата на податоци, по што создале слоеви на неговото лице и добиле слика на маж во доцните четириесетти години.

Целта на ваквите проекти е првенствено модерните луѓе да создадат врски со историски личности и да го истражат нивното наследство. Посебно интересен факт за оваа реконструкција на лицето е тоа што таа го претставува првиот научен напор за „оживување“ на познатиот владетел, бидејќи сите претходни беа базирани на изгледот на мумијата.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote