in

НБА: Милвоки ја сврте серијата во нивна полза!

Џанис Адетокумпо и Крис Мидлтон комбинирано постигнаа 71 поени откако Милвоки Бакс успеаја да ја свртат серијата и ги победија Атланта Хокс на домашен терен.

Мидлтон ги постигна 20 од неговите 38 поени во четвртата четвртина од натпреварот. Адетокумпо учествуваше со 33 поени и 11 скокови и им донесе на Милвоки водство од 2-1 во серијата.

„Тоа што го видов на овој натпревар беше неверојатно“ изјави Адетокумпо за неговиот тимски колега Мидлтон. Хокс имаа јак старт и во еден момент водеа со 15 поени разлика во првата четвртина, но Миловоки успеа да се врати и да победи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote