in

СлаткоСлатко

Четири симптоми кои укажуваат недостиг на магнезиум во организмот

Магнезиумот е минерал кој е исклучително важен биолошки елемент во нашето тело. Учествува во обезбедувањето на потребната енергија на сите клетки и е неопходен за активност и рамнотежа на нервниот систем.

 

 

Ја намалува раздразливоста на нервите и мускулите, делува релаксирачки на организмот. Го намалува излачувањето на адреналин и е ефикасен во ублажување на грчеви и напнатост кај главоболки и нервоза, синдром на нервозно црево, тахикардии и болки во стомакот.

Учествува во згрутчувањето на крвта и метаболизмот на главните макронутриенти и овозможува производство на енергија. Помага во одржувањето на балансирана pH во крвта, го регулира срцевиот ритам.

Исклучително е важен за здравјето на коските бидејќи го стабилизира и реструктуира формирањето и растот на коските. Околу 60% од магнезиумот се наоѓа во коските, остатокот во меките ткива, а само еден процент е во крвта.

Најважни симптоми кои укажуваат на недостаток на магнезиум

Здравиот човек секогаш се чувствува добро не само физички, туку и психички. Ако ви недостига магнезиум, тоа ќе влијае на вашата психа па може да доживеете стрес, анксиозност и депресија.

Една од најопасните последици од недостиг е калцификација на артериите. Ниското ниво на магнезиум доведува до оваа состојба и предизвикува коронарни проблеми, вклучително и  срцеви болести.

Срцев удар е значително почест кај луѓето кои страдаат од хроничен недостиг на магнезиум.

Грчевите во мускулите настануваат кога мускулите неконтролирано се стегаат, што е последица на недостаток на магнезиум. На мускулното ткиво му е потребено повеќе кислород за кој било вид физичка активност.

Проблеми со коските е уште еден симптом. За да ја поттикнете апсорпцијата на калциум внесен преку исхраната на организмот му е неопходен витамин Д. Тој може да се активира и да ја врши својата функција само ако има доволно магнезиум.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote